Државниот здравствен инспекторат почна со најавените санкции над лекарите

Од:

Лекарите кои штрајкуваат, а ќе одбијат да примаат итни пациенти може да бидат избркани од работа, велат од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат на ден 3 и 4 декември (понеделник и вторник) изврши вонреден инспекциски надзор, при кој е констатирано дека во одредени ЈЗУ се откриени поголем број неправилности, односно констатирано е непочитување на законските одредби од штрајкувачите, за што ДСЗИ донесе решенија за итно отстранување на констатираните недостатоци“, вели директорот на Државниот санитарен и здравстевн инспекторат, д-р Џевџез Шаќири.

Видео: Вести 24

Според извештајот, на Клиниката за гинекологија и акушерство не биле вршени оперативни зафати, а оваа клиника е на мета на инспекторите и поради тоа што била одложена операција на 5 пациентки со малигно заболување кои биле испишани без образложение од лекарите.

Од инспекторатот сметаат и дека затворањето на амбулантите на некои клиники е во спротивност со Законот за здравствена заштита, затоа што, како што стои во соопштението, и во услови на штрајк задолжително е обезбедување на минимална функционалност на секое одделение и прием на итните пациенти.

Инспекторат донел решенија во две насоки. Сите организациски единици во здравствените установи се обврзани да функционират и итните случаи да бидат решавани во здравствената установа, без да се препраќаат во други клиники, а второто решение е во насока на извршување на оперативни зафати за пациенти кои се испишани од клиниката.

Инспекторатот ги задолжил директорите на клиниките најдоцна во рок од три дена да преземат мерки за вршење на операциите на лицата болни од најтешки болести и за тоа да го информираат државното тело.

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор