Покрај тврдењата на Никола Додевски, адвокатот на Горан Грујевски во случајот „Тврдина 2“ дека Управата за безбедност и контраразузнавање мора да ги декласифицира доказите на Специјланото јавно обвинителство и оти обвинителите не ги знаат законите, намерно или не тој го изостави членот 20 од Законот за класифицирани информации, во кој јасно е наведено:
„Информацијата која е одредена со степен на класификација нема да се смета за класифицирана информација ако со неа се прикрива кривично дело, пречекорување или злоупотреба на функцијата или некој друг незаконски акт или постапка“.
Освен што ги побива тврдењата на Додевски, обвинението на СЈО е како за кривично дело, така и за злоупотреба на функција, со што ако се води по законот, судијката треба да не ги смета за класифицирани информации доказите.
Додовски на подготвителното рочиште денеска од судијката побара да изготви решение со кое се отфрла обвинението на СЈО за случајот „Тврдина 2“ затоа што меѓу доказите имало класифицирани информации иако обвинителката Ленче Ристоска рече дека тоа е така зошто од УБК без било какво објаснување рекле одбиле да ги декласифицираат доказите.
Иако се водеше од фактот што во доказите имало класифицирани информации, Додевски се чини дека заборави оти една од неговите колешки која застапува две од обвинетите во случајот нема сертификат за класифицирани информации, а истата присуствуваше на рочиштето додека се читаше допис во кој има класифицирани информации, за што беше исклучена и јавноста.