Центар: Анонимниот Ристевски лаже по налог на Груевски

Од:

Анонимниот Јордан Ристевски ја оддржа најпразната прес конференција по налог на неговиот шеф, Груевски.

Во страв дека им се ближи нов катастрофален пораз во Центар, од петни жили се обидуваат да ги изманипулираат граѓаните. Но, центарци знаат кои беа штетите и криминалот од владеењето на ВМРО ДПМНЕ. Тие никогаш нема да ги заборават испраните 55 милиони евра преку криминогениот проект “Скопје 2014”. Ристески лаже за градинката, велејќи дека некаква процедура била обезбедена од нивното корумпирано раководство, реагираат од општина Центар.

Целата постапка, од почеток до крај, ја изработи ова раководство со сите сопки и намерни попречувања од ВМРО-ДПМНЕ. Безобразна лага е дека имало некакви обезбедени средства за изградба на ново училиште. Тие средства беа наменети за нивната барокна катна гаража, а градоначалникот ги пренамени за изградба на училиштето, кое е во изградба. Тој лаже и дека гасификацијата можел да ја реализира градоначалникот, бидејќи неговата партија забарани општините во Скопје сами да формираат јавно претпријатие за гасификација, туку со декрет одлучи тоа да може да го прави само градот Скопје. За ова нека му се обрати на партискиот колега Коце Трајановски. Тој лаже буквално во секоја секунда од неговото излагање.

Еве ја вистината, за само три и пол години, актуелното раководство на Центар реализираше преку 220 проекти, убедливо најмногу од сите претходни раководства во 13 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Ова раководство имаше четири капитални инвестиции во образованието ново училиште, нова градинка и од темел реконструирани две градинки. Општина Центар е општина со убедливо најдобри услови за децата во претшколска возраст.

Општината за три годни има реконструирано 30 улици или повеќе отколку што градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ за осум години направија заедно. За три и пол години, ова раководство обнови и посади 50.000 метри квадратни ново зеленило, додека неговата партија по 13 години касапење на урбаната мафија го намали фондот за дрва за 50% во општината. Ова е само мал дел од листата на реализирани проекти со кои не може да се помири ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните знаат дека сето ова е направено под голем притисок од власта, со нула денари владина поддршка и силни опструкции на општината и градоначалникот. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ секој ден држи празни прес конференции, свесни се дека само со лаги може да го сокријат доброто работење на градоначалникот и неговиот тим.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории