Гевгелискиот локален совет со мерки за превенција од грип

Од:

Локалниот совет за превенција на општина Гевгелија, по иницијатива на градоначалникот Иван Франгов, денеска расправаше по информацијата за сезонскиот грип што ја презентираше епидемиологот Сашко Олумчев од подрачната единица на Центарот за јавно здравје.

Според податоците собрани во текот на минатата година врз база на збирните пријави на заболени, епидемиологот Олумчев истакна дека само во двете недели од оваа година бројката на регистрирани лица заболени од грип ја надминува минатогодишната, поради што предложи конкретни мерки за превенција и покрај тоа што Гевгелија е меѓу општините со најмалку заболени од грип.

По расправата за состојбата и предложените мерки за превенција, локалниот совет донесе четири заклучоци според кои итно треба да се обезбедат најмалку два педијатри во Општата болница во Гевгелија поради што е потребно да се стапи во контакт со специјалистите по детски болести кои сега работат како матични лекари во Гевгелија, да се подобрат условите за работа на инфективното одделение во гевгелиската болница, редовно да се дезинфицираат училишта на територијата на општината, како и превозните средства со кои се пренесуваат учениците и да им се препорача на детските градинки да ги замолат родителите во градинка да не ги носат децата кои манифестираат првични знаци на настинка или грип заради спречување зараза.

Заклучоците ќе бидат испратени до Министерството за здравство, Општата болница, училиштата и детските градинки на територијата на општина Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски