Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 105. седница даде согласност Горан Марковски да биде именуван за главен извршен член на Одборот на директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови „КБ Публикум Инвест“ АД Скопје, а Андреј Пулејков да биде извршен член на истото друштво.
Како што соопшти денеска Комисијата за харии од вредност, мандатот на двајцата директори е четири години и трае до 15 декември 2020 година.
– Друштвото за управување со инвестициски фондови „КБ Публикум Инвест“ АД Скопје управува со три отворени инвестициски фондови и тоа: КБ Публикум-Паричен, КБ Публикум-Балансиран и КБ Публикум-Обврзници. Горан Марковски и Андреј Пулејков и досега ја извршуваа оваа функција, се наведува во соопштението од Комисијата за хартии од вредност.