Австралија, Кина и Малезија ја прекинаа подводната потрага во јужниот дел на Индиски Океан по малезиски авион, што исчезна во 2014 година со 239 патници и членови на екипажот.
– Покрај сите напори, при што беа искористени најдобрите научни и технолошки достигнувања, потрагата не помогна да биде откриен авионот, се посочува во заедничкото соопштение на владите на Австралија, Кина и Малезија.
Авионот Боинг 777 исчезна на 8. март 2014 година по полетувањето од Куала Лумпур за Пекинг. Остатоци од авионот не се откриени во зоната од 120.000 километри квадратни западно од Австралија. За потрагата досега се потрошени 160 милиони долари.