ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните одбраа просперитет, проекти и иднина, наместо деструкција и самоуништување

Од:

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Вистинското лице на СДСМ за жал одамна се виде. СДСМ со секој еден кој не ги дели нивните ставови, се однесува како со негов најголем непријател и не бира средства за напад.

Партискиот полтрон на СДСМ Јон Фрчковски, синот на Љубомир Фрчковски, го допре дното со навредите кои ги упати кон поранешната пратеничка Солза Грчева.

Тоа е демократијата на Зоран Заев. Аболицираниот криминалец Заев е опкружен со рекетари, криминалци, насилници. Тој преку нив се заканува, го навредува и напаѓа секој оној кој што размислува поинаку од него.

Пишуваа графити и пароли на домовите на пратеничките кои не ги прифаќаат нивните анти-државни одлуки. Ги навредуваа во секоја прилика не штедејќи најпогрдни зборови. Шират говор на омраза.

Со овој срамен чин се потврдува за чии интереси работи претпријатието Паркинзи – Центар, каде што е вработен Јон Фрчковски. Паркинзи – Центар веќе одамна не е во функција на граѓаните. Служи како партиска фондација за финансирање на насилници, криминалци, навивачи со сомнително минато кои му се верни на Зоран Заев.

Секој оној кој не мисли како Зоран Заев е подложен на напад од овие луѓе. Ова насилие и терор кон сопствениот народ мора да прекине. Граѓаните мора да се ослободат од заложничките канџи на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

За сето ова е виновен аболицираниот криминалец Зоран Заев и криминално-мафијашкото раководство на СДСМ кои треба да одговараат.

Граѓаните одбраа просперитет, проекти и иднина, наместо деструкција и самоуништување.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски