Генерална проба за инаугурацијата на Трамп

Од:

Во Вашингтон денеска ќе се оджри генерална проба за церемонијата на инаугурација на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, која е закажана за 20 јануари.

Генералната проба е предвидена за пред зградата на американскиот Конгрес, каде по традиција се одржува инаугурацијата на новите претседатели на САД.

Во текот на пробата Трамп и потретеседателот Мајк Пенс ќе ги менуваат двојници, па една од темите на американските медиуми е дали избраниот двојник ќе наликува на новиот претседател, како во случајот при претходната инаугурација на актуелниот шеф на државата Барак Обама.

За пробата за церемонијата на инаугурацијата на Обама во 2009 година, како негов двојник беше избран еден војник од Северна Каролина, кој имаше приближно иста висина, тежина и боја на кожата како тогашниот новоизбран претседател. Сепак, гледајќи ја снимката од пробата Обама тогаш во шега забележа дека неговиот двојник имал помали уши.

Би можело да ве интересира

Трамп рече дека „најверојатно“ ќе се сретне со Зеленски

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

ВИДЕО: Атентаторот на Трамп 12 часа се криел во грмушки пред да биде откриен

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа

Трамп: Пукаа во моја близина, никогаш нема да се предадам