Кинотеката на Македонија и оваа година за време на зимскиот распуст организира дневна филмска програма „Ново киноутро“. Во рамки на филмската програма до 20 јануари ќе бидат прикажани пет филма.
В понеделник во 12 часот ќе биде прикажан анимираниот филм од Канада „Малите виленици Пикси“ на режисерот Шон Патрик О’Рили. Филмот е синхронизиран на македонски јазик и ќе биде репризиран во вторник.
На 18-ти и 20 јануари ќе биде прикажан играниот американски филм од 1991 година „Кука“ во режија на Стивен Спилберг.
Филмската програма почна на 9 јануари на пладне со проекција на анимираниот јапонски филм „Змејска топка 2“ во режија на Тадајоши Јанамуро, кој беше репризиран на 10 јануари.
Со почеток во 12 часот, на 11-ти и 12 јануари беше прикажан американскиот игран филм „Макс Стил“ на режисерот Стјуарт Хендлер, а на 13-ти и 14 јануари анимираниот кинески филм „Змејско гнездо: зората на воинот“ на Јуефенг Сонг.