Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез се подготвува да се бори за трет мандат.
Чавез, им изјави на новинарите во претседателската палата, дека бил во Венецуела за да му направат испитување со магнетната резонанца, и се покажало дека здравствено е добар по лекувањето на ракот.
„По операцијата и радиотерапијата , јас се чувствувам многу добро. Имам верба во Бога, Христа и науката, како и волја за живот и да се борам за оваа земја“, изјави Чавез.
Во понеделник, официјално ќе поднесе кандидатура за претстојните претседателски избори, кои ќе се одржат на 7 октомври.
Точно пред една година, Чавез беше однесен во болница во Хавана, каде што му отстранија туморот со големина на бејзбол топка. Тој имаше две операции, а подоцна и неколку круга на зрачење.
Чавез, кој е на власт од 1999 година, во моментот сака да добие трет последователен мандат.
Главен противкандидат на Чавез претседателство ќе биде претставник на опозицијата, Енрике Каприлес.