А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ТИ: Македонија 69-та меѓу 176 земји според индексот на корупција за 2012

by А1он05/12/2012 - 10:0705/12/2012 - 16:23239
Share0

Македонија е рангирана на 69. место според индексот на перцепција на корупцијата во денеска објавениот Извештај на Транспаренси интернешенл (ТИ) за 2012 година.

Добивај вести на вибер

Од државите во регионот, пред Македонија се Словенија на 37. место и Хрватска, која  е на 62. позиција. Зад Македонија  според индексот на перцепција на корупцијата се БиХ на 72. место, Бугарија на 75, Србија на 80, Грција на 94,  Косово на 105 и Албанија на 113.

Од рангирани 176 држави, најмалку коруцпија според Транспаренси интернешенл има во Нов Зеланд, Данска и Финска. Овие земји ги држат првите места благодарение на добриот пристап до информации и на правилата кои го определуваат поведението на државните службеници. Најкорумпирани држави во светот исто како и минатата година се Северна Кореја, Сомалија и Авганистан.

Корупцијата и натаму во целиот свет се доживува како разурнувачка активност на општеството, се наведува во годишниот извештај на меѓународната организација „Транспарентност“ (Транспаренсѕ Интернатионал) за 2012 година.

Организацијата изготвува индекс за перцепцијата на корупцијата. Годинава е употребена нова скала од 0 до 100, а најмногу поени добиваат земјите каде чувството за корупција е најмало, додека 0 добиваат најкорумпираните.

Во новиот извештај две третини од 176-те земји, опфатени од истражувањето на организацијата, се со индекси под 50. Тоа покажува дека државните институции треба да бидат потранспарентни, а од влијателните државни службеници треба да се бара поголема одговорност, се наведува во извештајот на „Транспарентност“.

Податоците се собирани од набљудувачи на ТИ, како и од локалните експерти. Истражувањето се однесува на периодот од декември 2010 до септември 2011 година.

korupcijatransparensi

Би можело да ве интересира

Дупки и недоследности во пријавувањето сопственост и интереси на функционерите на патот на откривањето корупција

Катерина Ѓуровски28/05/2025 - 10:23

„Корупцијата е прифатлива за голем дел од граѓаните, а борбата во таква ситуација е потешка“

Катерина Ѓуровски15/04/2025 - 13:33

Рокас: Корупцијата е голем предизвик за земјата, потребна е забрзана промена за постигнување на реформите

Катерина Ѓуровски08/04/2025 - 14:06

Фетаи: Извештајот на Транспаренси интернешнл е резултат на криминалното владеење на СДСМ и ДУИ

Предраг Петровиќ11/02/2025 - 19:16

Индекс на перцепција на корупцијата: Македонија на 88 место заедно со Казахстан, Суринам и Виетнам

Катерина Ѓуровски11/02/2025 - 10:2711/02/2025 - 13:22

ВЛЕН: За еден месец се сруши кулата изградена со криминал и корупција

Горан Наумовски29/12/2024 - 09:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен