Хјуман Рајтс Воч: Трамп и популистите во Европа се закана за човековите права

Од:

Избирањето на Доналд Трамп за претседател на САД и подемот на популистичките лидери во Европа претставува голема закана за човековите права, се наведува во годишниот извештај на „Хјуман рајтс воч“ .

Извештајот на организацијата за заштита на човековите права, со седиште во САД, составен од 687 страници, ја разгледува состојбата на човековите права во повеќе од 90 земји.

– Трамп и одредени политичари во Европа се обидуваат да добијат власт преку повици за расизам, ксенофобија и омраза кон жените, оценува извршниот директор на организацијата Кен Рот.

– Сите тие тврдат дека општеството прифаќа кршење на човековите права како демек неопходна мерка за заштита на работните места, опструкција на културните промени и спречување на терористички напади, наведе Рот.

Извршниот директор на организацијата даде критики за рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Кси Џинпинг поради репресиите за оние кои не се согласуваат со нивните политики.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп