Албанија и Шведска ќе и бидат противници на Македонија во нејзиното четврто учество во ЦЕВ Европската лига. Ова е епилогот по денешната жребка во седиштето на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) во Луксембург.
Лига фазата се игра турнирски, по два турнира во два викенда за секоја група.
Финалната фаза е еден финален турнир на кој ќе учествува организаторот и три квалификанти.
Во групата А Македонија ќе биде организатор на турнир од 16-18 јуни, додека во Албанија ќе се игра вториот турнир во периодот 23-25 јуни.
Според првичните најави „Фајнл-фор“ турнирот ќе се одржи во Данска (1 и 2 јули) која ќе обезбеди директно учество.
Групата Б ја сочинуваат: Данска, Украина, Унгарија и Израел.