„Транспарентност“ за 2012: Корупцијата и натаму ги разјадува општествата

Од:

Растечката општествена загриженост од корумпираните влади минатата година принуди неколку лидери низ светот да се повлечат од власта, но откако вревата се стиша стана јасно дека во многу земји се уште се многу високи нивоата на поткупливост, злоупотреба на власта и тајните договарања.

Корупцијата и натаму во целиот свет се доживува како разурнувачка активност на општеството, се наведува во годишниот извештај на меѓународната организација „Транспарентност“ (Transparensy International) за 2012 година.

Организацијата изготвува индекс за перцепцијата на корупцијата. Годинава се употреби нова скала од 0 до 100, а најмногу поени добиваат земјите каде чувството за корупција е најмало, додека 0 добиваат најкорумпираните.

Во новиот извештај две третини од 176-те земји, опфатени од истражувањето на организацијата, се со индекси под 50. Тоа покажува дека државните институции треба да бидат потранспарентни, а од влијателните државни службеници треба да се бара поголема одговорност, се наведува во извештајот, „закачен“ на сајтот на „Транспарентност“.

Данска, Финска и Нов Зеланд ги држат првите места со 90 поени, благодарение на добриот пристап до информации и на правилата кои го определуваат поведението на државните службеници. Како најкорумпирани и натаму се доживуваат Авганистан, Северна Кореја и Сомалија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски