Помошникот судија почина како последица од тепањето по натпреварот во холандската кадетска лига од страна на 15-годишни фудбалери.
Стравичниот напад на младите фудбалери на помошникот арбитер се случи во текот на мечот помеѓу екипите на Niuv Sloten B1 и SC Buitenbojs B3.
Судијата неколку часа по мечот почувствувал болки во главата а потоа бил примен во локалната болница во Амстердам. Лекарите утврдиле дека се работи за тепко оштетување на мозокот, по што подоцна починал.
Полицијата ги уапси напаѓачите во рок од два часа, а против младите фудбалери е поднесена тужба за нанесување тешки телесни повреди со фатален исход.