Северна Кореја моментно располага со доволно количество плутониум за да направи 10 нуклеарни бомби, тврдат јужнокорејските власти, една недела откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун најави дека е блиску денот за тестирање интерконтинентална балистичка ракета.
Министерството за одбрана во Сеул соопшти дека се претпоставува оти Пјонгјанг има околу 50 килограми плутониум, што е доволно за производство на 10 нуклеарни бомби. Тоа е за десет килограми повеќе во споредба од пред осум години.
Северна Кореја соопшти дека може да изврши пробно лансирање на интерконтинентална ракета во било кој момент и од било која локација, која ќе ја одреди лидерот Ким Џонг-ун.