СДСМ: Миноски не смее да крие, веднаш да одговори за што ги задолжи граѓаните 15 милиони евра повеќе

Од:

На граѓаните итно им се потребни институции што ќе работат во нивна служба и нивен интерес. Министерството за финансии раководено од Кирил Миноски попладнево, скандалозно, испрати таканаречена реакција во којашто не одговара на клучното прашање од интерес на граѓаните, велат од СДСМ.

„Зошто Кирил Миноски на заминување ги задолжи со над 15 милиони евра повеќе од потребното? Миноски денеска гo реализира најавеното задолжување од 31.7 милиони евра. 15.8 милиони евра се доспеани обврски за враќање оваа недела.

Зошто Миноски направи задолжување од 31.7 милиони евра, ако обврските за плаќање се 15.8 милиони евра?

Само нова и одговорна Влада на граѓаните на Р.Македонија може да ги запре непотребните задолжувања и да одговори на нивните реални потреби. Порачуваме дека никој не смее да работи на штета на граѓаните и дека за секоја направена штета ќе има одговорност“, посочуваат од СДСМ преку соопштение.

Би можело да ве интересира

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ