Поради дефект беровско Владимирово три дена без вода

Од:

Поради дефект на главната водоводна мрежа и ниските температури, беровското село Владимирово трет ден е без вода.

Како што информираат од ЈПКД „Услуга“ од Берово, дефектот е на главната водоводна линија на непристапен терен и поради ниските температури и замрзнатата земја во длабочина од околу половна метар, не може да се пристапи кон отстранување на дефектот. За таа цел тие преку соопштение ги информираат жителите на Владимирово дека селото ќе се снабдува со вода два пати дневно со цистерни додека не се создадат услови за отстранување на дефектот.

Поради ниските температури во Малешевијата кои деновиве стигнаа и до 28 степени под нулата, ЈПКД „Услуга“, имало над триесетина интервенции на дефекти поради замрзнување на водомерите, пукнати водоводни цевки и затнување на одводната канализација.

Потрошувачката на вода во Берово овие денови е зголемена двојно и се движи околу 200 метри кубни на час.

Би можело да ве интересира

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Повлечена вода од хрватскиот пазар испорачана во соседството

Загубите на вода во државава 62-63 отсто, меѓу највисоките во регионот

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он