Македонската женска ракометна репрезентација на стартот на Европското првенство кое се игра во Србија претрпе убедлив пораз од Франција со 29:16.
Јулија Николиќ со шест гола беше најпрецизна во таборот на „црвено-жолтите“, додека Саздовски со два погодоци беше втора најпрецизна ракометарка во нашата репрезентација, што беше доволен доказ за немоќта на избраничките на селекторот Стрезовски да најдат лек за одличната француска одбрана.
Македонија својот втор натпревар на овој европски шампионат го игра во четврток во истиот термин (18.15 часот) против селекцијата на Шведска.