СДСМ: Еве документи, струја нема, се набавува од странство, двојно поскапа, власта излажа!

Од:

Несериозната власт во заминување ве излажа. Лага е дека има струја. Лага е дека нема интервентен увоз на струја. Лага е дека е набавена струја за само 4 часа од вчерашниот ден. Лага е дека чини 40 евра за мегават час, како што изјавија на прес конференција претставниците на власта во заминување во државната компанија ЕЛЕМ.

Еве официјални документи добиени од одговорни вработени во енергетските компании.

Македонија е оставена без потребните количини домашна струја.

Засегнати се домакинствата, семејствата со деца, кои на минус 20 може да останат без струја.

Вчера, на Божик, власта во заминување за да го покрие скандалот, распишала интервентен увоз на струја. Во документот во прилог, точка три, каде се зборува за трошокот за прекуграничен капацитет, може да се види дека станува збор за интервентен увоз на струја.

Струја не се барала само за вечарашната вечер, од 20.00 – 24.00 часот. Се барала струја и за денеска 08 јануари и за утре 09 јануари, како што може да се види од документот.

Од другиот документ во прилог на ова соопштение, можете да видите по каква вртоглава цена е направена набавката. Набавена е струја по цена од 59.3 евра за мегават час! Тоа е 36 проценти повеќе од дозолената цена за увоз од страна на Регулаторната комисија за енергетика во последната одлука (38 евра/МWh).

Интервентната набавка на струја за само два дена ги чини граѓаните 300.000 евра!
Да работеа сите три блокови на РЕК Битола граѓаните ќе имаа струја и немаше да биде потрошен ни денар од нивните пари.

Вака, вистинските ризици од недостиг на струја допрва следуваат, бидејки како што објавивме, постојано не работат некои од блоковите на РЕК, и покрај наводните поправки од стотици милоиони евра.

Бидејки нема домашна струја, утре власта ќе мора повторно да распише нов интервентен увоз.
Тоа значи дека граѓаните на Македонија се оставени да зависат од тоа дали во последни моменти ќе биде набавена струја или не. Тоа значат и нови стотици илјади евра за интервентен увоз, што ќе ги качи сметките за струја!

Итно е потребна нова Влада на граѓаните на Република Македонија, којашто ќе преземе итни, сериозни мерки во интерес на нивните потреби.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

СДСМ: Се разоткри вистинската цел на власта околу измените на Изборниот законик

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски

СДСМ: Народот едвај преживува, Владата нема одговор на растот на цените

Горан Наумовски