Движењето БЕСА изрази загриженост за ситуацијата во селата во Скопска Црна Гора, кои се целосно блокирани од интензивните врнежи од снег и апелира до локалната и централната власт итно да им се помагне на жителите на оваа област.
Веќе два дена жителите на селата Танушевци, Брест и Малино и другите села од оваа област остануваат целосно изолирани од врнежите од снег и стравуваат дека ќе останат и без храна и лекови. Властите до овој момент се покажаа целосно незаинтересирани и рамнодушни, додека ситуацијата на терен бара итна интервенција. Затоа уште еднаш апелираме до институциите да бидат одговорни, да ги извршуваат нивните обврски спрема жителите на овие села и во најкраток можен рок селаните да ги снабдуваат со потребните прехранбени продукти и лекови, апелираат од БЕСА.