Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус подготвува понуда од 80 милиони евра за членот на Пари Сен Жермен, Марко Верати, пишуваат италијанските весници.
Трансферот би можел да се оствари во јуни, бидејќи францускиот репрезентативец изразил желба да ја заврши тековната сезона во ПСЖ. Дотогаш треба да се завршат преговорите меѓу двата клуба.
Се очекува Верати да се пресели во Торино, со оглед на тоа што тој е симпатизер на Јувентус.
Првиот обид на „старата дама“ да ги обезбеди услугите на Верати го имаше минатото лето, но тогаш преговорите завршија неуспешно.