Самир Насри се соочува со четиригодишна суспензија

Од:

Самир Насри, фудбалер на Севилја, се соочува со четиргодишна суспензија откако Меѓународната анти-допинг агенција (WADA) покрена истрага под сомнение дека тој користел допинг.

WADA побарала истрага за да биде утврдено дали францускиот фудбалер ги прекршил допинг правилата, за време на лекарскиот третман минатиот месец во Лос Анџелес.

Насри се најде на ударот на Шпанската анти-допинг агенција, под сомнение дека во Лос Анџелес користел интравенозна терапија, која WADA ја има забрането, исклучок се терапиите кога спортистот не зема повеќе од 50 милилитри инфузија во рок од шест часа. Наводно Насри добил еден литар „Immunity IV drip“.

Од клубот порачаа дека не знаеле дека Насри се наоѓа во САД на третман.

Насри има право да настапува за Севилја додека трае истрагата, а од WADA порачаа дека случајот ќе има брза разрешница.

Францускиот фудбалер во Севилја пристигна во август 2016 година од Манчестер Сити. Тој во клубот од Андалузија настапува како позајмен фудбалер.

Инаку евентуалната суспензија за Насри ќе му направи големи проблеми на Сити, бидејќи клубот планира да го понуди Насри и пари за да го реализира трансферот на Нзонзи.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ