Најмалку 33 лица се убиени во најновите затворски немири во Рораими, амазонска покраина во Бразил, соопштија денеска официјални претставници.
Ова се случува само пет дена откако 56 затвореници беа заклани во најголемиот досега затворски масакр во последните 20 години.
До несреќата дошло поради судири меѓу две спротивставени затворски банди, кои почнале уште во октомври минатата година, а претставник на локалната безбедносна агенција за насилството го обвинува познат лидер на нарко-банда.