Скандалот со „Новартис“ во Грција може да ја надмине корупциската афера „Сименс“

Од:

 Корупцискиот скандал во Грција со швајцарската фармацевтска компанија „Новартис“ придобива огромни размери, откако властите открија видео материјал, до кој се дошло со скриена камера, а од кој можат да настрадаат четворица поранешни министри, тврди весникот „Пораполотика“.

Според весникот, видео материјалот направен од луѓе на компанијата во Грција, предизвикал „страв и ужас“, бидејќи во него станувало збор за политичари кои биле заинтересирани да ги исполнат барањата на компанијата за да добијат пари од националната здравствена каса.

Некои луѓе не ја исклучуваат можноста скандалот да ја надмине корупциската афера со германската компанија „Сименс“, која пред неколку години ја потресе Грција.

Во тестот се наведува дека видео материјалот бил полн со потресувачки сведоштва на поранешни вработени на „Новартис“ за вршен притисок врз министри, од кои за пари се барало да дејствуваат против нивниот судски прогон.

Весникот „Пораполитика“ пишува дека американските служби, како ФБИ, знаеле за содржината на овој видео материјал, и дека од него станувало јасно дека во корупциската шема се замешани четворица влијателни поранешни министри, на кои се повикува вработен во „Новартис“. Вработениот кажува дека тие треба да се замешаат за да биде запрена истрагата, преземена од судските власти во врска со швајцарската компанија за давање пари на некои вработени на компанијата во Грција.

Судските власти се зафатија со скандалот откако во медиумите се појавија сведоштва за плаќање на поткупи на службеници од „Новартис“. Досега биле распитани приближно 178 лица.

Скандалот доби на актуалност и откако полицијата во Атина го спречи обидот за самоубиство на грчки менаџер на фирмата. Во истрагата учествуваат и агенти на ФБИ во Атина.

Компанијата „Новартис“, чие седиште е во Швајцарија, беше во центарот на вниманието на американските власти во 2014 година, кога беше судски гонета за случајот на давање поткупи за стимулирање на нарачките на некои нејзини медикаменти.

Во 2016 година слични судски процеси против истата компнаија беа отворени и во Турција и Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски