Серијата на трансфери од Премиер лигата во Кинеската лига продолжува откако денеска Џон Оби Микел, досегашен играч Челзи објави дека и официјално потпишал со Тианјин Теда.
Пред една недела Оскар се пресели од „Стемфорд бриџ“ во Шангај за договор од 60 милиони фунти, а сега Микел по 10 години верност кон Челси исто така заминува во Кина.
Микел има 374 настапи за Челси и освоени 11 трофеи, но не успеа да се наметне кај Антонио Конте сезонава.
Во Тианјин Теда ќе има неделна плата од 140.000 фунти.