Сообраќајот на автопатот Белград-Ниш е запрен во двата правци, а во колоната се блокирани повеќе автобуси, камиони, автомобили. На излезот од Ниш се случи и ланчан судар во кој се повредени 18 лица меѓу кои и шест деца.
Од службите неветуваат брзо расчистување на патот на кој се заглавени многу возила од четири часот изутрина, зошто наносите се многу големи.
Снегот на одредени локални патишта се и преку два метри, поради што многу приградски и градски автобуси во Ниш не тргнаа по вообичаената рута.