Атлетик Билбао славеше над Барселона со 2:1, во првиот осминафинален натпревар во Купот на Кралот.
Барселона со најсилниот состав и со двајца играчи нповеќе, колку што имаше во последните десет минути, не успеа да го избегне поразот на „Сан Мамес“.
Атлетик во средишницата од првото полувреме постигна два гола и стигна до убедлива предност. Најпрвин ветеранот Адурус, а потоа и Инаки Вилијамс го совладаа Тер Штеген.
Барса се врати во мечот со голот на Меси од слободен удар во 52.минута.
До крајот Барселона не успеа да ја искористи предноста, кога Атлетик најпрвин остана без Раул Гарсија, а потоа и без Итураспе. Меси во последните секкунди го погоди дирекот.
Реваншот ќе биде одигран за шест дена во Барселона.