Интензивна потрага се случува во Србија по четворица жители на селото Хум во близина на Ниш, откако синоќа тргнале со трактор по бадникови дрва но ги завеал снег.
На екипите кои се на терен голем проблем им прават наносите од снег од преку два метри, силниот ветер и ниските температури.
Исчезнатите синоќа се јавиле во три часот изутрина и кажале дека се завеани и не можат да се пробијат до селото. Тогаш бил и прекинат контактот со нив.
Од полицијата во Ниш тврдат дека сепак се засолнати во некоја викендица и се прават напори да се стигне до нив.