Португалскиот фудбалски стручњак Марко Силва денеска е назначен за нов менаџер на Хал Сити ќе го предводи тимот до крајот на сезоната, соопшти последно пласираната екипа од Премиер лигата.
39-годишниот Силва на клупата на Хал ќе го наследи Мајк Филан и ќе се обиде да избори опстанок во елитата.
Тој минатата сезона со Олимпијакос ја освои 43.титула во грчкиот шампионат. Претходно ги предводеше Есторил и Спортинг Лисабон.
Силва деби на клупата на Хал ќе има следниот викенд во ФА Купот против Свонси. з