Машката ракометна репрезентација на Македонија и трет поат во три дена ја победи Босна и Херцеговина во серијата пријателски натпревари како подготовка за СП.
Овој меч од затворен карактер се одигра во салата „Автокоманда“, а Македонија славеше со 32:30, На полувремето македонските ракометари заминаа со предност од четири гола (17:13).
Кире Лазаров постигна 11 гола на овој меч, а Гоце Георгиевски беше стрелец на седум гола. Во противничката селекција, Вегар постигна пет погодоци.