Во Италија запленети 510 килограми албанска мархуана

Од:

Финализирана е уште една заедничка акција на албанската и италијанската почиција во која се запленети 510 килограни марихуана и уаспено едно лице, јави дописникот на МИА.

Албанската полиција потврди дека по претходна размена на информации со италијанската полиција од Пуља, спречен е обид за меѓународен шверц со марихуана.

– Поради немирното море,со многу големи бранови, шверцерите се надевале дека вниманието на полицијата ќе биде помало, но се излажаа. Моторниот чамец заедно со 510 килограни марихуана, полицијата ги заплени на брегот на градот Лече, јави тиранската телевизија Топ чанел.

Уапсениот е албанскиот државјанин, а се трага и по две лица за кои се смета дека се водачи на криминална група.

Пред неполни два дена во италијанскиот град Лече во моторен чамец полицијата заплени 760 килограми марихуана транспортирана од Албанија.

Доколку запленетата марихуана стигнела на пазарот нејзината вредност се проценува на 7,5 милиони евра. Шверцерите го напуштиле чамецот и успеале да избегаат пред да пристигне полицијата.

На 1 јануари пак италијанската полиција во северниот цел на Отранто, заплени 400 килограми албанска марихуана.

Би можело да ве интересира

Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана и 442 таблети екстази

Четири килограми марихуана пронајдени во гаража во Скопје

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

ОЈО: 22-годишник од Тетово е осомничен дека поседувал марихуана, одреден му е 30 дневен притвор

Му носела дрога на мажот во затворот Идризово – Уапсена 40 годишна скопјанка

Анита Петровска Рајковиќ