Пешевска: Јавноста е сведок како СДСМ ја подразбира пазарната економија

Од:

Јавноста е повторно сведок како СДСМ ја подразбира пазарната економија таму каде што ја има власта. Еден човек, една фирма еден бизнис и обрт од 650.000 евра за само две години, беше посочено на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

– Кога на тоа ќе се надодаде фактот дека фирмата е на Митко Андреевски, претседател на Комисијата за енергетика, а парите ги наплаќа од џебовите на струмичани преку Јавното претпријатие Струмица гас, станува јасно што мисли Радмила Шекеринска кога зборува за „бомбона бизнис“, рече на прес-конференцијата Жаклина Пешевска.

Според неа, најголемото достигнување во кариерата на Андреевски е тоа што за поранешниот премиер од редовите на СДСМ Владо Бучковски, „по налог на партијата се јавувал од службен телефон во тогашната А1 Телевизија за да го манипулира јавното мислење“.

– Истото што сега го прави за СДСМ и аболицираниот криминалец Заев. Само што сега, како искусен во областа си регистрирал фирма на адреса на родителите на сопругата и со Заев ги вртат парите на струмичани, рече Пешевска.

Според неа, лидерот на СДСМ Зоран Заев, како што кажа, планира богатење на неговите партиски послушници и милионски бомбона бизниси за неговото семејство.

– Затоа Струмица има најскап гас, а Куманово се гуши во смог, рече таа потсетувајќи дека граѓаните на 11 декември гласаа против криминалните политики на Заев и затоа крајно време е да ја почитува волјата на народот, да се повлече и да дозволи државата да тргне напред.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања