Фоторепортерот на турската агенција Анадолија, Нихат Ибрахимкадиќ бил нападнат денеска во близина на железничката станица во Белград, по што со сериозни повреди е пренесен на белградската Воено медицинска академија (ВМА).
Српските медиуми јавуваат дека Ибрахимкадиќ бил нападнат од зад грб, при што напаѓачите не зборувале ништо туку само удирале по него.
Фоторепортерот бил нападнат од како утрово пристигнал во Белград од Босна и Херцеговина, каде престојувал за време на новогодишните празници.
Според српската полиција, мотивите за нападот засега не се познати.
Агенцијата Анадолија го осуди нападот и ги повика надлежните институции во Србија да го разрешат случајот што е можно поскоро.