ИВЗ ги осуди насилзтвата врз основа на етничка и верска припадност

Од:

Исламската верска заедница ги осудува сите настани кои имаат за цел да предизвикуваат насилство и омраза меѓу граѓаните врз основа на етничка или верска припадност.

По последниот настан кога група насилници среде Скопје извршиле насилство врз неколку момчиња затоа што меѓусебно комуницирале на турски јазик, ИВЗ смета дека е потребно сите фактори во општеството да се вклучат почнувајќи од семејството, училиштата, општествените и невладините организации, како и надлежните државни институции во надминување на, како што стои во соопштението на Реис ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, оваа криза на умот и моралот.

– Насилството и омразата не треба да се претворат во метод за празнење на сопствените емотивни чувства и решавање на наметнатите прашања и проблеми. Се надеваме дека овој наш апел ќе биде искрено прифатен од сите граѓани во земјава без разлика на нивната етничка и верска припадност и сите видови насилно делување, заеднички ќе осудиме и заеднички ќе делуваме во надминување на оваа негативна енергија, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска