Снегот во Центар се чисти нон-стоп, до 8 часот фрлени 14 тони сол

Од:

Екипите на општина Центар од раните утрински часови излегоа на терен и го чистат снегот по улиците и тротоарите, кои се во надлежност на општината. На улиците оперираат четири специјални возила-камиони и тоа соларки со нож и соларка за чистење на снег. На приоритетните места се вклучува и специјална машина за рачно чистење на голомразни површини.

Утрово, од 3 часот до 8 часот фрлени се 14 тони сол.

Нема застој на сообраќајот по улиците и граѓаните можат нормално да се движат. Екипите ќе работат нон-стоп додека налагаат временските услови.

Општината има набавено 250 тони сол и има ангажирано фирма за одржување на коловозите и тротоарите во зимски услови на улиците .

Општина Центар ги известува сите сопственици, односно корисници на јавни објекти, веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски