Македонската опера и балет најави спектакуларен балетски гала концерт „Прослава на танцот“ на 7 декември. Ќе настапат најголемите современи балетски уметници: Игор Колб и Надја Сајдакова од Русија, Јана Саленко и Мариан Валтер од Германија, Жан Филип Дури од Франција, Сех Јун Ким од Јужна Кореја, Роналд Савковиќ од Шпанија и Јован Веселиновиќ од Србија.
Домаќин на настанот е првенка на Македонскиот балет Александра Мијалкова. заедно со истакнатите солисти Марија Кичевска, Ивана Коцевска и Васил Чичијашвили од Грузија.
– Програмскиот концепт на балетскиот гала концерт е збир на класични и модерни парчиња и согласно со тоа програмата е поделена во два дела, информира Балетот.
Настанот го организира МОБ, продукцијата е на „Трето уво“, а генерален спонзор е рафинеријата ОКТА а.д. Скопје.