Пожар во куќа во Петровец, повредени нема

Од:

Пожар избувна синоќа во куќа во скопското село Петровец при што целосно се изгорени вториот кат и кровот. Повредени нема, ниту огнот се проширил на други објекти, соопшти полицијата.

Куќата е сопственост на Љ.К., а била опожарена околу 21.30 часот, од засега непознати причини.

Интервенирала Бригадата за противпожарна заштита и го изгазнала пожарот. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денов.

Би можело да ве интересира

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он