Јапонската компанија „Сузики“ го промовираше новиот „Свифт“, кој за разлика од претходните модели на овој бренд има пет врати.
Продажбата на новиот модел во Јапонија почнува денеска, додека европската премиера се очекува на Саемот за автомобили во Женева. Сепак, продажбата во Европа не се очекува да почне се до крајот на летото.
Новиот „Сузуки Свифт“ е долг 3,84 метри, но наместо досегашните три врати има пет, со цел да ги следи потребите на купувачите и трендовите во последните години. Сепак, рачките за задните две врати се добро маскирани и речиси не се забележуваат.
Новиот „Сузуки Свифт“, исто така, поседува камери и ласерски сензори за предвидување на судар и навремено кочење. Тој поседува и темпомат за одржување на растојание од возилата пред него.
„Свифт“ е исклучително успешна приказна за „Сузуки“. Од лансирањето на овој модел во 2004 година, во светот досега се продадени 5,3 милиони возила од овој бренд.