Груевски тврди дека “имал лек“ за Сорос

Од:

Да не беше Сорос со целата мрежа од НВО, медиуми, политичари, внатре и надвор, што ги плаќа, влијание во најмоќните држави во Светот, и тоа одлучувачко влијание кога станува збор за помали земји како нашата, немаше да е толку тешко, а и економијата ќе беше посилна, ќе имавме повеќе нови отворени работни места, тврди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во таканареченото „мегаинтервју“ со индикативен наслов „Граѓанскиот сектор не смее да остане во рацете на Сорос“ за неделникот „Република“. Според Груевски, граѓанскиот сектор во иднина „не смее да остане само во рацете на Сорос и на странски влади“.

– Сорос во Македонија ги направи модерна армија. Да класична армија, НВО Сорос во Македонија ги направи модерна армија. Денес битката не е со пушки и пиштоли како пред 100 години, туку со НВО, корумпирани медиуми и новинари и влијание на моќни странски медиуми и моќни странски влади да нивните политики кон една земја ги насочат во правец на неговите цели, вели Груевски кој се уште не е познато колку милиони евра народни пари од буџетот има префрлено во за него подобни медиуми.

-Тоа е реалноста и за жал така дејствува Сорос. И тогаш те прават што сакаат. Те гмечат, те сукаат, како тесто. Ќе те направат и криминалец, и лопов и предавник, и идиот, и неспособен, и монструм, се што ќе наумат. Па оди после ти излези на избори. Ќе ти измислат триста афери, купишта лаги и дезинформации, едно зборуваш, друго се пренесува итн. Може светски медиуми како „Асошиејтед прес“ или „Вашингтон пост“ коректно да ја пренесат информацијата, но не може истото да го направат медиумите финансирани од Сорос фондацијата во Македонија, кажа Груевски.

Тој најави дека “има лек и за тоа“, а лекот ќе следува во продолжението на интервјуто.

За Нова година тврди дека бил дома, семејно, а потоа два-три дена Маврово, а вели, бил на активен одмор, и успеал да прочита и некоја книга.

– Навидум одмор, инаку со мислите работев максимално на планови и на стратегии за понатаму. Носев и некои материјали со мене. Прочитав и некоја книга. „Повторно величествена“ од Доналд Трамп. Многу интересна. Ја препорачувам – вели Груевски.

Во интервјуто на прашање од анонимниот новинар е откриено и зошто кашлал Груевски-имал алергија!

Би можело да ве интересира

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Власта е уплашена и нервозна, искршени стакла на изборниот штаб на СДСМ во Градско

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

Филипче: Во калта на Мицкоски нема да влегувам, ќе продолжам да го разобличувам

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го демантира Венко, пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС

Филипче: Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери