Ракометниот бундеслигаш Рајн Некер Левен денес преку клупски сајт соопшти дека македонскиот репрезентативец Филип Талески, по Светското првенство кое овој месец ќе се игра во Франција ќе го засили клубот.
Првично според договорот ракометарот на Металург во Германија требаше да отпатува во јули 2018 година.
– Задоволни сме од успеавме да завршиме еден голем трансфер и Талески да го имаме уште од јануари, изјави Џенифер Кетеман, член на управниот одбор на германскиот клуб.
Металург за предвремениот трансфер на Талески ќе доби обештетување, но сумата не е соопштена. з