Најмалку 50 лица загинаа во бунт што изби во затвор во Манаус, град во амазонската џунгла, јави денеска бразилската телевизија „Глобо“.
Локалните претставници изјавија оти стравуваат дека бројот на жртви може да се зголеми.
Бунтот избил доцна синоќа по судир на ривалски банди.