Петров: Има оптимизам кај дел на ЕК. Македонија од лидер се уште е пред вратите на НАТО

Од:

„ Јас немам многу информации за да може да се донесе реална проценка за очекувањата од Европскиот Совет. Има еден оптимизам кај дел на Европската Комисија, меѓутоа сепак одлуката е комплексна. Ако зборуваме за ставовите на сите политички партии во Македонија, ставот е што побргу Македонија да стане членка на Европската Унија и на НАТО. Зборувајќи реално, проблемот кој го имавме се уште стои пред нас, и затоа многу е неблагодарно да се прогнозира што ќе се стори. Тоа не си го дозволува ниту американската администрација, не би си го дозволил ни јас. Македонија беше лидер на Јадранската група, а сеуште е пред вратите на НАТО“, вели генералниот срекреатр на СДСМ, Андреј Петров.

Треба се да направи се за државата што поскоро да влезе во НАТО, изјави Петров.

Петров, во Вашингтон имаше средби во видни политичари од американскиот Стејт департмент.

Петров вчера се сретна со Дејвид Бургер, директорот за Балкан во Стејт департментот, како и со професорот Даниел Сервер од универзитетот Џонс Хопкинс.

По средбата со Бургер, Петров посочи оти американскиот став е дека сакаат да и помогнат на Македонија да напредува во интеграциите кон НАТО, и во европските структури.

Генералниот секретар на СДСМ посочи дека се разговарало и за меѓуетничките односи, за кои рече дека се загрижувачки.
„Етничката состојба во Македонија дава простор за загриженост. Овие односи се клуч за стабилноста на земјата и потезите мора многу внимателно да се влечат. Многу е сериозна тема тоа што се случува во Македонија, особено во делот на непочитување на законите од страна на владините коалициски партнери, конкретно на истакнувањето на знамињата без процедура која ја пропишува законот“, изјави Петров.

 

 

Би можело да ве интересира

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ