Илегалните имигранти во Грција се соочуваат со „шокантни“ услови кога се во притвор, а во преполните полициски станици се држат и деца, изјави Франсоа Крепо, специјален известувач на ОН за човековите права на имигрантите.
Тој ги повика другите држави членки на ЕУ да направат повеќе за да им помогнат на вистинските бегалци да ја напуштат Грција. каде се држат во ужасно лоши услови, јави дописникот на МИА од Атина.
Во Грција моментално има стотици илјади илегални имигранти од Азија и Африка.