Барселона подобра од Дарушафака за крај на 15. коло во Евролигата

Од:

Во последниот натпревар од 15.рунда во кошаркарската Евролига, екипата на Барселона синоќа ја победи Дарушафака со 82:77.

Каталонците до новите два бода стигнаа со подобра игра во второто полувреме, откако по првите 20 минути имаа негатива од пет поени (35:40).

За шпанскиот тим ова беше седми триумф, додека турската екипа остана на осум победи на половина од лигашкиот дел во елитното натпреварување.

Покрај овој дуел победи вчеравечер запишаа и екипите на Уникс Казан и Бамберг против Панатинаикос и Галатасарај.

На мечот кој се одигра во Казан, домашниот тим славеше победа над Панатинаикос со 83:81, додека во Истанбул, германскиот шампион Бамберг го совлада домаќинот Галатасарај со 90:75.

На натпреварите одиграни во четвртокот:
Црвена звезда – ЦСКА Москва 78:67,
Олимпијакос – Фенербахче 71:62,
Анадолу Ефес – Реал Мадрид 78:80,
Армани Милано – Жалгирис 70:78 и
Басконија – Макаби Тел Авив101:88.

Води ЦСКА Москва со 12 победи и три порази, Реал Мадрид, Олимпијакос и Басконија имаат по 10 победи и пет загубени средби.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ