Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин во Брисел изјави дека Србија има значаен напредок во евроинтеграциите и дека датумот за почување преговори и е на „дофат на раката“.
Кацин на пратениците на надворешнополитичкиот комитет на ЕП им го претстави извештајот за Србија, за кој рече дека „најпозитивниот досега“, а кој парламентот ќе го усвои во вид на резолуција.
„Србија никогаш не била поблиску до добивање датум за почеток на преговорите за придружување“, оцени известувачот и нагласи дека тој чекор е на „дофат на раката“.
Кацин како најпозитивно достигнување за Србија го наведе продолжувањето на дијалогот со Косово, но и борбата со корупцијата и организираниот криминал.
Критики се упатени за забраната за одржување на геј парадата во Белград, а се осврна и на ослободувачките пресуди за хрватските генерали и за Рамуш Харадинај за кои кажа дека се контраверзни.
„Најдобар интерес на Србија е и покрај хашката пречка да продолжи со надминувањето на проблемите и нормализацијата на односите во Западен Балкан“, рече тој.