Кражба во манастирот „Св.Спас“ во Крушево

Од:

Шестмина прилепчани се осомничени дека на 16 месецов го ограбиле манастирот „Св.Спас“ во Крушево каде од магацинските простории одзеле предмети во вредност од 30.000 денари.

Кривична пријава за „тешка кражба“ за ограбениот манастир Полициската станица Крушево  поднесе против Ќ.Ш. (35), Џ.А. (23), С.Ќ. (18), Е.Ќ. (21), С.Ј. (43) и К.М. (59), сите од Прилеп.

Според пријавата, на 16-ти месецов, вечерта околу 19 часот,  пријавените влегле во дворот на манастирот „Св.Спас“ во Крушево по што Ќ.Ш., Џ.А. и С.Ќ. со употреба на физичка сила и погоден алат ги скршиле катанците од трите врати на магацински простории. Заедно со другите пријавени од просториите одзеле три мотори од фрижидери, два мотора од машини за перење, два бакарни котла, еден акумулатор и други предмети во вкупна вредност од околу 30.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Во Крушево почнува манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“

Коњаницата „Патот на Црешовото топче“ тргна кон Крушево

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

И водата во Крушево е неисправна за пиење

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница