Секое семејство е поинакво и родителите имаат различни правила за своите деца. Овие луѓе раскажаа какви чудни правила, кои морале да почитуваат како деца.
Имено луѓето на Редит пишуваа за правилата, кои родителите им ги поставувале, а некои од нив ќе ве шокираат.
– Ми беше дозволено да користат само три листови тоалетна хартија по одењето во тоалет. Мајка ми стоеше пред вратата и се обидуваше по звукот да заклучи дали користам повеќе хартија. Доколку ме откриеше дека користам повеќе од дозволеното, викаше по мене, напиша една девојка.
– Не ми беше дозволено да преспијам кај пријателите речиси до крајот на средното училипте. Зошто? Затоа што мојата мајка се плашеше дека ќе играме „руски рулет“, се пожали еден маж.
– Мојот свекор им забрани на сите да пијат каква било течност во првата половина од оброкот. Нема вода, млеко, сок, ништо, без разлика колку сте жедни. Тоа го иамше сфатено толку сериозно и ги навредуваше децата и возрасните доколку се обидеа да се напијат нешто, вели друг корисник на Редит.
– Времето за спиење ми беше во 20:30. Цел живот. Кога бев во ’20-те години од животот се отселив, понекогаш доаѓав кај нив во посета и останував да преспијам. Се случуваше татко ми да стане на пример околу 22 часот и да ме види дека ми е вклучено светлото во собата. Тогаш ќе почнеше да вика по мене да одам на спиење, вели еден маж.
– Никому не му беше дозволено да пие вода во кујната. Никогаш не гледав некаква поента во тоа да ставам вода во чаша, да седнам во дневна соба и да ја испијам, а потоа да се вратам и да си доставам вода. Прв пат кога татко ми ме виде дека пијам вода покрај мијалникот во кујната, почна да вика на мене говорејќи дека тоа не е нормално и дека би требало да седнам на маса додека пијам вода, вели една девојка.
– Не ми беше дозволено да се дружам со момчиња за да не ме силуваат. Од друга страна ми беше дозволено да спијам во куќа со седум други девојки постари од мене пет години, кои моите родители никогаш не ги запознале, затоа што девојките никогаш не прават глупости, раскажа една девојка.