Спасовски: Промените треба да почнат од утре, Вељаноски не може да ја води конститутивната седница

Од:

Имаше работна средба кај досегашниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски. Тоа беше средба на која ќе се договорат деталите околу конститутивна седница на Собранието. Бевме информирани дека досегашниот престедател на собранието планира да ја води конститутивната седница, што е спротивно на Деловникот и на собраниската пракса, бидејќи најстариот пратеник претседава со конститутивната седница.

Трајко Вељановски сега е пратеник, како што бил прв меѓу еднаквите, сега е еднаков со сите како пратеник и затоа сметаме дека конститутивната седница треба да ја води најстариот меѓу пратениците, од проста причина што ставот два од членот девет е поврзан со ставот еден кој вели дека доколку досегашниот претседател на Собранието не ја свика седницата, тогаш ја свикува најстариот пратеник и ставот два вели дека тој кој ќе ја свика седницата тој председава со неа, рече Оливер Спасовски од СДСМ.

Се поставува прашањето што ако Трајко Вељановски денеска не е пратеник? Тој нема да биде донесен од дома за да ја свика седницата, така што ова се нашите принципиелни забелешки кои ги искажав на средбата што ја имавме со политичките партии и нашиот став е многу јасен дека досегашната практика и одредбите од деловникот се јасни, дека најстариот пратеник треба да претседава со конститутивната седница.

Тоа покажува како ВМРО-ДПМНЕ планира да ја води утрешната седница која треба да биде конститутивна и која треба да тече врз нормите кои се пропишани, без никакво насилие, но меѓутоа и покрај искажувањето на волјата на граѓаните и искажување на ставот дека промени мора да се случат, едноставнио не се свесни дека промените треба да започнат токму на таа прва седница на Парламентот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка