Чешкиот ракометар Филип Јиха е избран за најдобар ракометар за 2012 година. На гласањето спроведено од страна на „хендбол-планет.ком“ учествувале преку 18 илјади фанови, а над 32 проценти гласале за ѕвездата на Кил.
Јиха со 32,6 проценти од гласовите убедливо ги освојува почестите, пред Данецот Микел Хансен (19,3%), кој втора година по ред е второпласиран. Гудјон Валур Сигурдсон со 17,7 проценти го зазема третото место.
За најдобар тренер е прогласен кормиларот на европскиот шампион Кил Алфред Гисласон со над 60 проценти од гласовите.